Гејџи се закани дека ќе му го смени личниот опис на Хабиб

Наредниот викенд е големата борба меѓу Хабиб Нурмагомедов и предизвикувачот Џастин Гејџи на УФЦ 254.

„Влогот е голем. Оваа борба може да ми го смени животот. Да излезам и да победам. Тоа целосно го менува животот. Подготвен сум и можете да се обложите дека нема да испаднам пи..а“, рече Гејџи во најава на борбата.

„Ќе излезам во рингот и ќе се обидам да му ја скршам фацата, ви ветувам дека ќе го направам тоа! Во моментов е многу тешко да се победи овој човек. Особено тоа важи откако почина неговиот татко, за луѓе какви што сме ние тоа е голема мотивација. Ќе биде максимално мотивиран, но јас верувам во себе, верувам дека можам да го победам“, заклучи Гејџи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО