Џастин Гаетје и Луис Паломино ја прикажаа најдобрата борба во историјата WSOF организацијата, но можеби и најдобрата ММА борба во последните неколку години. Гатетје ја одбрани титулата, но она што се случи во тие 14 минути во кафезот, цело време ја држеше публиката на нозе.
„Ако по девет месеци се уште не зборуваме за борбата Џастин Гаетеје и Луис Паломино, ќе знаеме дека зад нас е неверојатна година на мешани борби. Но, она што е веројатно е дека оваа борба ќе се најде на секоја листа на најдобрите борба во 2015 година, WSOF шампионот Џастин Гаетје го задржа појас со нокаут во третата рунда над Луис Паломино“.
Така го започнува извештајот од WSOF најчитаниот и најрелевантниот портал во ММА светот, MMAJunkie. И, ако досега не беше апсолутно најпопуларниот WSOF борец, Џастин Гаетеје, сега заслужено си го обезбеди тоа.
Никој не очекуваше дека борбата Гаетеје – Палмолино, знаејќи за каков вид на борци станува збор, дека таа може да го дочека крајот на петата рунда, но она што го пружија двајцата борци ретко кој можеше да се надева. Бидејќи вакви борби, на ова ниво, како што е борбата за титулата во третата по ред најдобра светската организација, ретко се случуваат.
Од првата секунда на борбата немаше чекор назад, кај ниту еден борец, „инстинктот на убиец“ беше огромен, а тоа тешко е да се опишат дека сите потези и техники на овие борци што ги користеа. Јас не се согласувам со некои портали кои го нарекуваат „barnfigh“, бидејќи ова е технички многу над иллегалните борби на американските подруми. Тоа беа првите двајца ММА борци, совршено подготвени, за кои имаше само две опции: „Со штитот или на него“.
Не сакам да ја опишувам борбата, ја гледав, и уште еднаш и потоа ја погледнав набрзина, затоа што тоа не може да се опише. За среќа, борбата е онлајн и ММА фановите во светот имаат можност да ја видат, а ние ви ја донесуваме. Ова е вистинска промоција на спортот, тие се вистински спортисти и воини, и Џастин Гаетје е најдобар борец на светот во лесна категорија надвор од УФЦ. Ова се факти, а подолу е видеото со најдобарите борби во последниве години.
https://youtu.be/65VrtYKHmm0