Гасиев го нокаутира Влодарчик и влезе во полуфиналето на турнирот на СБСС (ВИДЕО)

Шампионот на ИБФ, Мурат Гасиев (25-0-1 НЦ, 18 КО), со доминатна борба во Њуарк влезе во полуфиналето на турнирот на Светската боксерска супер-серијан во крузер категорија.

Агресивниот Русин со аперкати во главата и телото во третата рунда го нокаутира поранешниот двократен светски шампион, 36-годишниот Полјак Кшиштоф Влодарчик (53-4-1, 37 КО).

За влез во финалето во јануари ќе се бори со Јуниер Дортикос (22-0, 21 КО). Кубанацот во втората рунда на својата четвртфинална борба го нокаутира Дмитриј Кудрјашов.

Вториот полуфинален пар е Олександр Усик и Маририс Бриедис.

https://youtu.be/OuM9BMNzcjs

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО