Фујри за можни мечеви против Џошуа и Усик: Не можете никого да присилите да направи нешто што не сака

Британскиот тешкаш и еден од најдобрите боксери во моментов, Тајсон Фјури неодамна договори меч против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану.

Нивната борба ќе се одржи на 28 октомври на настан во Саудиска Арабија, а влогот во натпреварот нема да биде појасот ВБЦ, кој е во сопственост на Фјури.

На почетокот на годината, Кралот на Ромите се обиде да организира борба за обединување на појасите во тешка категорија против Александар Усик, но преговорите пропаднаа.

Навивачите на боксот останаа без големо задоволство, но Фјури се надева дека мечот може да се договори во блиска иднина.

„Всушност, не ја знам причината зошто Усик не сакаше да се бори во април“, рече Тајсон Фјури и додаде:

„Сигурен сум дека има свои причини, а потоа дознаваме дека потпишал договор со Скилс челинџ, тим од боксерски луѓе од Саудиска Арабија. Значи, без оглед на неговите причини за повлекување од мечот, сигурен сум дека тие му одговараат на него и на неговото семејство“.

Кралот на Ромите се уште се надева на меч против Усик.

„Ќе се бориме ли во иднина? Се надевам. Би сакал, да. Секогаш верував дека тоа е лесна борба“, изјави Тајсон Фјури.

Кралот на Ромите објасни и зошто не може да се договори меч против Ентони Џошуа.

„Минатата година два-три пати се обидовме да ја договориме таа борба, но поради некоја причина тоа не се случи. Повеќе не сум оптимист дека можеме да се сретнеме во рингот“, откри Тајсон Фјури и подвлече:

„Со години се обидуваме да го договориме нашиот меч, но тој не сакаше да го прифати предизвикот. Не можете никого да натерате да направи нешто што не сака, без разлика на заработката или влогот во шампионските појаси“.

Следен противник на Фјури е поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану.

„Мислам дека е освежувачко што овие момци сакаат да се обидат со бокс. За нив е голем предизвик, да се борат против најдобрите боксери“, заврши Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО