Френсис Нгану жестоко тренира и може повторно да удира со ногата (ВИДЕО)

Последната борба Френсис Нгану ја имаше во јануари кога со победата против Сирил Гане за првпат ја одбрани титулатана УФЦ во тешка категорија.

Камерунецот го повреди коленото на подготовките пред мечот, а за тоа не се знаеше ништо. После тоа шампионот замина на операција и беше јасно дека е на долго закрепнување.

„Се повредив на 28 декември, три дена по Божиќ. Беше против момче кое само по втор пат тренираше во теретана. Спарингувавме и тој се налути, очајно се обидуваше да ме собори. Слушнав пукнатина на коленото и знаев дека нешто се случи“, објасни Френсис Нгану.

Во својата последна објава на Инстаграм покажа како целосно се враќа на тренинзите, а по осум месеци почна да тренира удари…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО