Френсис Нгану во пресрет на борбата против Ренан Фереира: Се чувствувам како аутсајдер

Поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану викендов се враќа во октагонот. На 19 октомври камерунскиот удирач ќе настапи на настанот на ПФЛ наречен Битка на великаните, а противник ќе му биде Бразилецот Ренан Фереира.

Тоа ќе биде прва ММА борба за Нгану по повеќе од две и пол години, кога во јануари 2022 година со едногласна одлука на судиите го победи Сирил Гане, единствениот пат кога ја одбрани титулата на УФЦ.

Противник му е Ренан Фереира, борец кој има само еден пораз во последните пет години и тоа од хрватскиот борец Анте Делија.

А Френсис, по заминувањето од најголемата светска ММА организација, имаше два боксерски меча и ги загуби двата, против Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

„Се бориме против талентирани противници, а не е важно како се викаат. Фереира е талентиран борец и еден од моите најтешки противници во кариерата. Ќе биде тешка борба за мене. Се чувствувам како аутсајдер на тој меч“, изјави Френсис Нгану и додаде:

„Во ПФЛ имаат план и сите мораме да се придржуваме до него. Мора да ги исполниме обврските. Не треба да стигнете никаде рано, а потоа да чекате со часови како пред последниот меч против Џошуа. Морав да чекам цело време, а и порано дојдов во Саудиска Арабија, тоа беше грешка на организаторот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON