Френсис Нгану сака 30 милиони долари за дебито во боксот

Френсис Нгану бара 30 милиони долари за своето деби во боксот.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија допрва ќе најде противник за својот боксерски меч. Пред неколку недели стана познато дека Нгану одлучил да го напушти УФЦ. Предаторот не успеа да се договори со нив за нов договор.

Дана Вајт му понудил 8 милиони долари за да се бори со Џон Џонс, но Френсис одбил. Замина и сега сите го сакаат. Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури веќе изразија желба да се борат со ѕвездата од Камерун.

Еди Херн откри дека Ентони Џошуа исто така најверојатно ќе се пријави за борба со Нгану. Али Абделазиз тврди дека Нгану сака да заработи 30 милиони долари во својата прва боксерска борба. Ова е прилично сериозна бројка што ретко кој ќе биде подготвен да ја плати за Френсис.

„Френсис Нгану е мој пријател, но не сум вклучен во неговиот бизнис. Тој сака 30 милиони долари“, рекол Абделазиз во кореспонденцијата со Анатоли Сулјанов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО