Френсис Нгану против Анте Делија? Камерунскиот удирач откри каде би можел да ја продолжи кариерата

Камерунскиот борец Френсис Нгану на почетокот на годината ја напушти најголемата светска ММА промоција, бидејќи не можеше да се договори за сите услови од новиот договор.

Без разлика што можеше да биде еден од најплатените борци, шефот Дана Вајт и раководството на организацијата не сакаа да исполнат некои негови барања, меѓу кои беше и можноста за бокс.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија има желба да боксира, а еден од потенцијалните кандидати е поранешниот шампион Дионтеј Вајлдер.

Во комбинациите е и Тајсон Фјури, но Џипси Кинг моментално го заокружува мечот против Александар Усик за обединување на појасите.

Но, Френсис неодамна откри дека наскоро би можел да потпише договор со светски позната ММА организација.

„Наскоро би можел да донесам одлука, но се уште не сум одлучил. Тоа се ПФЛ и ОНЕ Шамипонатот. Блиску сум до одлука, штом ќе одлучам ќе знаете сите“, изјави Френсис Нгану во ММА Час со Ариел Хелвани.

Камерунецот откри и дека не може да поверува дека ќе најде промоција која ќе го плати повеќе од УФЦ.

Доколку Нгану потпише за ПФЛ, тогаш еден од можните противници во иднина би можел да биде Хравтот Анте Делија, кој минатата година го освои шампионскиот појас во тешка категорија.

Френсис и претходно беше поврзуван со ПФЛ, па не би било големо изненадување доколку потпише за нив.

Но, Нгану нема да може да учествува на турнирот оваа сезона, освен да влезе како замена. Нема сомнеж дека промоцијата би му нашла возбудлив и интересен противник.

Анте Делија на 7 април ќе ја брани титулата шампион во ПФЛ која носи награда од еден милион долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО