Френсис Нгану: Не се плашам од Џон Џонс

Френсис Нгану разбира што се обидува да направи Џон Џонс по УФЦ 285, прикажувајќи го заминувањето на Нгану од УФЦ како нешто што тој го направил за да ја избегне борбата со него. Предаторот разбира и колку глупо звучи тоа за секој кој ја следи ситуацијата.

На УФЦ 285 Џонс ја освои празната титула во тешка категорија со победата над Сирил Гане. „Коски“ ја зграпчи истата титула што ја ослободи Нгану кога го напушти УФЦ во јануари. Одби да го продолжи договорот, бидејќи сака да заработи милиони во боксот.

Сепак, Џонс верува дека Нгану бил голема пи*ка и побегнал, затоа што се плашел. Нгану не се согласува и тврди дека ќе се бори со Џонс двапати во рок од еден месец.

„Поминаа речиси три години откако се обидов да се борам со Џон Џонс. Откако се борев со Жаирзињо Розенструик. И двајцата се предизвикувавме на социјалните мрежи, но не ни успеа.

Ми ветија дека ќе се борам со Џон Џонс откако ќе го победам Стипе Миочиќ. Затоа направив се за да се изборам за оваа борба. Да, ја сакав оваа борба, но не по секоја цена.

Го знаеме Џон Џонс по неговата драматичност. Мислам дека Џон е драматичен. Колку време беше надвор од игра? Три години и нешто? Постојано го предизвикував.

Нема борба на земјата од која би се откажал. Не ми е грижа. Одам таму и што и да се случи, се случува. Ова е спортот. А Џон Џонс дефинитивно не е тој човек.

Можеби е најдобриот борец на сите времиња, но не е момчето од кое бегам. Не, не е тој. Би се борел со Џон Џонс двапати месечно. Сè може да се случи во битка.

Можам да седам овде и да ви кажам дека ќе го нокаутирам Џонс, што имав намера да го направам. Но, оваа битка, бидејќи никогаш не се случи, никогаш нема да ја дознаете.

Да, ќе ви кажам дека ќе го нокаутирав, но тој ќе ви каже нешто друго. И тогаш кога ќе влезете во борбата, самата борба, тоа е нешто различно.

Така што навистина неможе да знаеме, бидејќи тоа никогаш не се случило“, изјави Нгану за ЕСПН.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО