Френсис Нгану: Минав низ пекол, за да стигнам до тука

Во моментов, Френсис Нгану е на врвот на славата во најголемата ММА организација, но тоа не е така отсекогаш. Роден е во Баптист, Камерун и израсна во екстремна сиромаштија, а од 12-годишна возраст е принуден да работи како товарач на песок, за да заработи пари. Криминалците се обидуваат да го привлечат во нивната банда, но тој одбива.

На 22-годишна возраст, почнал да практикува бокс, иако не бил поддржан од семејството, но морал да прастане, бидејќи се разболел. Четири години подоцна одлучува да оди во Франција, каде што нема пари, дом и пријатели. Почнал да тренира со Дидиер Кармонт, кој му дозволил да спие во салата, а останатото е приказна. „Предаторот“ извесвно време поминува низ пеколот.

Еве што вели во едно интервју за неговата авантура:

„Имав многу тежок живот, бидејќи на 6 години моите родители се разведоа и почнаа да живеат во различни семејства. По ова, никогаш не успеав да стапам во контакт со семејството. Сакав да излезам од оваа ситуација. Отсекогаш верував во нешто и повеќето луѓе влегуваат во ситуација како мојата. Имав многу искушенија од различни банди, но не се откажав, затоа што имав репутација.

Мојот татко немаше добра репутација, кога ги слушнав работите кои ги зборува за него – не ми се допаѓаа. Тогаш не знаев што сакам да станам, но знаев дека не сакам да бидам како него. Наполнив 26 години и моите соништа станаа поголеми од кога и да било. Тогаш почувствував дека е време да направам нешто. Немаше начин да живеам цел живот со мечтите, а да не правам ништо за нив. Ми се смачи да преживувам и сакав да ги следам моите соништа.

Еден ден го спакував багажот и заминав. Целта ми беше да одам во Европа, бидејќи таму ќе имам шанса да испробам во боксот. Ми требаа 14 месеци за да дојдам од Камерун во Франција. Можам да кажам дека поминав низ пеколот. Понекогаш се сеќавам на овој пат и не можам да верувам дека тоа се случило. Не знам што мислев и тоа е апсолутно неверојатно. Отидов во Франција и таму немав ништо. Не знаев никого.

Потоа најдов соба и им кажав дека немам ништо, но сакам да тренирам, бидејќи знам дека ќе станам шампион. Првично ми смееја, но потоа ми дадоа шанса. Ми требаа неколку недели, а Дидиер ми кажа дека можам да боксирам, но според него имам поголема шанса да се извлечам од тешката ситуација преку ММА.

Немав поим што е тоа ММА. Немав интерес за ММА, но потоа еден ден требаше да ја затворам салата за еден месец и најдов друга, каде што практикуваа ММА. Решив да останам таму, а другото е историја. Н апочетокот ми беше многу тешко, затоа што ги заборавав работите и не знаев што да правам, ако се обидат да ме соборат. На крајот почнав со нокаути и си реков дека може да ги добивам.

Мислам дека не бев подготвен за првата шанса што ја добив за титулата. Имав многу работи што не ги знаев. Никогаш не сум бил спортист во мојот живот и не знаев како да се подготвам за таков настан. Веќе реков дека во борбата со Миочиќ научив многу повеќе од отколку за 4 години. Мислам дека заслужувам нова шанса за титулата и до УФЦ како да се оправдаат, за да ми ја дадат“.

https://www.instagram.com/p/BzWSbzUHvwr/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО