Хабиб потпиша нов договор со Рибок

Непоразен шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов потпиша нов договор со Рибок.

Пред неколку недели Орелот потпиша нов долгорочен договор со УФЦ кој е меѓу најдобрите во организацијата, а денес изјави дека по трет пат потпишува со Рибок.

Во последната борба Хабиб го победи Конор Мек Грегор во октомври минатата година и од Рибок му дадоа 40.000 долари, што беше за 10.000 долари повеќе од оние на Мек  Грегор. Радосен, непоразениот борец извести на Инстаграм дека има нов договор со Рибок и заедно ќе ги надминат новите предизвици.

„Рибок ме поддржуваат од 2015 година и решив пак да потпишам со нив, по трет пат. Им благодарам за нивната поддршка и сè што прават за мене. Заедно ќе ги надминеме новите предизвици во кафезот и пошироко“, напиша Хабиб.

Непоразената ѕвезда се враќа во септември во Абу Даби, за да ја брани титулата против Дастин Пориер. Со овие нови договори Хабиб ќе најде меѓу најплатените борци во организацијата.

https://www.instagram.com/p/BzY2w40ovWA/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО