Најголемата светска ММА организација организира неколку големи настани за последниот квартал од 2023 година, а особено интересен ќе ни биде настанот УФЦ 295 кој ќе се одржи на 11 ноември во Њујорк.
Американско-хрватскиот борец Стипе Миочиќ ќе се обиде против Џон Џонс да го врати шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија.
Стипе се враќа на борбите по две и пол години откако загуби од Френсис Нгану со нокаут во втората рунда во март 2021 година.
Камерунскиот удирач го напушти УФЦ на почетокот на годината, потпиша за ПФЛ, а потоа договори боксерски меч против Тајсон Фјури.
Нгану неодамна размислуваше за борбата за титулата во тешка категорија на УФЦ.
„Тој меч е 50-50. Два пати се борев со Миочиќ и знам колку добар борец е. Можеби не изгледа така, но Стипе е многу тврд и силен. И тоа добро го знам“, нагласи Френсис Нгану, а за евентуалниот судир со Џонс вели:
„Немам ништо за борбата против Џонс. Можеби би можеле да се бориме за некаков појас, но тој меч би бил поголем од титулата. Се уште постои надеж дека оваа борба може да се договори, иако знам дека ќе биде тешко. Тоа би било голем предизвик“.