Френсис Нгану ги мерка најголемите имиња до титулата

Фернсис Нгану е перспективен борец во тешка категорија на УФЦ, а тој не ја крие амбицијата да стигне и до шампионскиот појас.

Камерунецот се довери дека има желба да се сретне со големо име во тешка категорија, за максимално да го доближи до мечот од соништата, за титулата. Тој веќе обележалк неколку имиња.

„Се разбира дека сакам да се сретнам со Оверем“, изјави тој, додавајќи: „Оверем, Каин Веласкез, Жуниор дош Сантос – тоа се луѓето со кои сакам да се борам“.

Во моментов Френсис Нагану е во серија од девет последователни победи, а пет од нив се постигнати во октагонот. На последната средба се бореше со ветеранот Андреј Арловски, победувајќи го со нокаут уште во првата рунда.

Тој изјави дека нема ништо против да се бори и со друго големо име во категоријата – Фабрицио Вердум.

„Дури и Вердум е слободен во моментов. Само сакам да се борам со некого, кој ќе ми даде шанса да добијам меч за титулата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО