Френсис Нгану: Едвај чекам да и ја дадам титулата на мајка ми

Фрeнсис Нгану едвај чека да ја види мајка му во живо. Новиот шампион на УФЦ во тешка категорија гори од желба да се врати дома во Камерун и да се види со своите роднини. „Предаторот“ веќе е на врвот во тешка категорија и пред една недела успеа да се справи со Стипе Миочиќ.

Нгану е во серија од пет последователни победи со нокаут и планира да направи уште две борби годинава. Сака да биде активен во кафезот и да не го задржува развојот во категоријата. Френсис помина низ пекол за да стигне до титулата на најголемата ММА организација во светот.

Неговата приказна е една од најинспиративните во историјата на спортот. На својот профил на социјалните мрежи Нгану рече дека едвај чека да ја стави титулата на рамото на неговата мајка.

„Едвај чекам да и ја покажам титулата во живо и да и ја ставам на рамото.крунисана мајка и шампион“, напиша Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО