Френсис Нгану највува попаметна борба со Дерик Луис

Френсис Нгану беше импресивена во тешка категорија на УФЦ пред да се сретне со шампионот Стипе Миочиќ на УФЦ 220.

Африканцот дотогаш своите шест настапи ги заврши со нокаут или сабмишн. Неговата слаба борба го чинеше, беше поразен во битката за титулата.

Нагну во ММА се натпреварува само 5 години и се подразбира за да се подобри, мора да ги поправи своите претходни грешки.

„Многу работи тргнаа наопаку во борбата со Миочиќ, а правам се што можам за да бидам сигурен дека повторно нема да се случи истото“.

Наредната средба на Нгану е со Дерик Луис на УФЦ 226. Настанот е еден од најочекуваните оваа година и претставува одлична можност за Предаторот повторно да блесне.

„Овој пат, наместо да одам само напред, ќе се борам попаметно и ќе бидам како што бев пред мојата последна битка, ќе го проучувам мојот противник, нека дојде накај мене, а потоа да ми даде можност да го нападам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО