Френк Ворен откри каде и кога Тајсон Фјури треба да ја има следната борба

Светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури последната борба ја имаше во декември минатата година кога лесно го совлада Дерек Чисора и го одбрани појасот на ВБЦ.

Кралот на Ромите ја заврши паузата и почна да тренира, но се уште нема противници.

Неговиот промотер Френк Ворен потврди дека Фјури ќе се врати во септември на настан кој ќе се организира некаде на Островот.

Се уште не се знае против кого ќе се бори, иако извесен период се споменуваа Енди Руиз Јуниор, Жилеј Жанг и Австралиецот Демси МекКин.

Ворен истакнува дека има многу мали шанси следниот противник на Фјури да биде Ентони Џошуа или Александар Усик.

Познатиот промотер веќе неколку пати повтори дека Џошуа и Усик сакаат меч во Саудиска Арабија на кој можат да заработат многу повисок хонорар.

„Тајсон Фјури ќе се врати во рингот во септември, а мечот ќе се одржи некаде во Велика Британија“, изјави Френк Ворен и додаде:

„Имаме неколку опции, но моментално преговараме со еден боксер и наскоро ќе ги објавиме резултатите од тој разговор. Се уште не сакаме да откриеме за кого станува збор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО