Френк Ворен најавува уште една голема борба за февруарскиот настан предводен од Усик и Фјури

Познатиот боксерски промотер Френк Ворен неодамна на голем настан во Саудиска Арабија ги собра суперѕвездите во тешка категорија Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, а на истиот настан настапи и Филип Хрговиќ кој со прекин во првата рунда го победи Марк де Мори.

На 17 февруари на истото место ќе се одржи историска борба за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу носителот на ВБЦ појасот Тајсон Фјури и носителот на титулите ВБО, ВБА и ИБФ Александар Усик.

Но за март веќе се планира уште еден голем спектакл.

Ворен засега не сака да ги открие потенцијалните кандидати за тој настан, но најави кога ќе ги објави натпреварите кои ќе бидат на програмата на настанот предводен од Фјури и Усик.

„Работиме на тоа. Договараме натпревари кои треба да се одржат на настанот во февруари. Повеќе детали ќе дознаеме на прес-конференцијата што ќе ја договориме наскоро. Потоа треба да ја знаат целата програма на настанот каде Фјури ќе се бори против Усик, а ќе знаеме и нешто за настанот во март“, рече Френк Ворен и додаде дека се подготвува нов спектакл:

„Гарантирам дека повторно ќе биде многу интересно, тоа е сигурно. Подготвуваме уште една голема борба. Се се смени на подобро по мечот меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану. Само чувствував дека ќе доведе до нешто посебно, а последниот настан беше посебен. Следниот ќе се одржи на 17-ти февруари и ќе има борба каде ќе бидат во игра четири појаси, величествено. А другите момци треба да продолжат да победуваат, дури подоцна ќе добијат шанса да се борат со победникот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО