Френк Мир против Каел Сонен во граплинг меч

Додека е под суспензија на Американската антидопинг агенција, Френк Мир, ќе земе учество на граплинг меч.

Поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија во суперборба во Абу Даби Комбат клуб светското првенство кое се одржува од 22 до 24 април до 24 се одржува во Хелсинки, Финска, и ќе се бори со Каел Сонен.

„Американскиот гангстер“ треба да се бори против Рикардо Либорио, тренер во Американ топ тим, но Либорио откажа поради повреда. Сонен има и своја граплинг промоција Сабмишн андерграун, а на 24 јуни на Белатор во Медисон сквер гарден во Њујорк се бори со Вондерлеј Силва.

Мир е црн појас во бразилско џиу џицу и рекордер на УФЦ по бројот на борби, победи и сабмишни во тешка категорија. Тој е првиот борец кој го сабмитираше и нокаутира „Минотаурот“ Ножуеира.

https://youtu.be/dqyg2k6rmR4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО