Френк Мартин: Целиот свет е против мене

Френк Мартин (18-0) ќе зачекори во рингот овој викенд за да се бори за светската титула на ВБА во лесна категорија против шампионот Џервонта Дејвис (29-0). Се смета за аутсајдер од аналитичарите и коментаторите, но сепак во боречките спортови прогнозите ретко влегуваат во игра кога борците ќе влезат во рингот. Тој е свесен за својата улога и има намера да ја искористи.

„Верувам во себе дури и ако целиот свет е против мене. Време е да дојдам и да ги покажам моите можности. Сите сме свесни што носи „Тенк“, но многумина не знаат што ќе донесам јас. Тие знаат малку, но не се свесни за мојот полн арсенал. Сите сфаќаат дека „Тенк“ е експлозивен и брз. Тој има се, но светот ќе види дека и јас имам сè“, изјави Мартин во интервју за Бокс сцена.

Нивната борба е закажана за 15 јуни во Лас Вегас, каде што ќе видиме уште еден куп други големи мечеви, меѓу кои Дејвид Бенавидез (28-0) против Александар Гвоздик (20-1) за преодната титула на ВБЦ во полутешка категорија, Гери Антоан Расел (17-0) против Алберто Пуелјо за привремената титула на ВБЦ во суперлесна категорија и Карлос Адамес (23-1) против Терел Гауча (24-31) за светскиот појас во средна категорија на ВБЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО