Конор Мек Грегор очекува да се сретне со легендата Флојд Мејведер во бокс дуел кој ќе му го донесе најголемиот чек во неговата кариера до овој момент.
И иако Ирецот често добива комплименти за борбата во стоење со кој откажал не еден или двајца противници во кафезот, не се сите импресионирани од него.
Во листата на незадоволници е и најголемиот бокс тренер Фреди Роуч, кој смета дека боксерска техника на Мек Грегор е далеку од добра.
„Со радост би гледал таков меч, бидејќи Мек Грегор е забавен за гледање. Има неверојатен карактер, но не е толку добар борец“, изјави Роуч.
Тој додаде дека не очекува Конор дека има шанси против противник како Мејведер.
„Мејведер веќе не презема ризици, а тој ни оддалеку не е највозбудливиот човек за гледање. Но се уште е одличен боксер. А според мое мислење, Мек Грегор не може да победи сличен ривал“.
Сепак, истакна дека никој не треба да биде целосно отпишан.
„Конор е добар во борба на нозе (стоење) … знаете дека еден удар може да промени сè. Таков е нашиот спорт. Нема во целост да го отпишам. Мислам дека Мејведер е фаворит, но не би отпишал никого. Кога Мек Гргеор удира, тој удира силно. А и не се плаши да го прави тоа“.