Богата кариера која ја заслужува почитта на секој љубител на боречките вештини, можеби е најдобро опишана со фотографијата која Мирко Филиповиќ ја објави на својот Фејсбук профил.
Така, легендарниот Кро Кап денеска ги потсети неговите фанови на три големи титули кои се во негова сопственост. Одбраното друштво го сочинуваат појасот на Прајд од 2006 година, потоа оној кој што го освои на К-1 Гранд при од 2012 година пред публиката во Загреб и најсвежиот кој пристигна од турнирот на Ризин во отворената категорија.