Флојд се пофали со чек од 100 милиони долари

cekot-na-mejveder

Флојд Мејведер никогаш не го криел своето богатство. Легендарниот американски боксер повторно ја демонстрираше својата љубов кон парите, од која дојде и неговиот прекар „Мани“.

Поранешниот повеќекратен светски шампион во бокс за професионалци покажа чек на 100 милиони долари. Сумата беше додадена кон неговата банкарска сметка за победата над Мани Пакијао минатата година. Мејведер доби многу поголема сума, но дотичниот чек беше на минимално гарантираните пари кои ги зеде за средбата. Според различни публикации, Американецот од дербито заработи меѓу 250 и 350 милиони долари.

„На крајот секогаш се смеам последен“ – напиша на Инстаграм Мејведер и додаде: „На вас ви е потребно уште да работите, а јас веќе ја завршив својата кариера. Направив разумни инвестиции. Жал ми е за оние кои мислат дека не можам да пишувам, читам или сметам“.

https://youtu.be/4_IsTwoJczA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО