Флојд Мејведер уште еднаш објави дека нема да се бори во боксерски меч. Американската ѕвезда ја заврши својата кариера минатата година по супер дербито со Конор Мек Грегор. Се врати на егзибицискиот меч за Нова година на кој го нокаутира јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава.
https://twitter.com/squadxtra/status/1079750587103744001?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079750587103744001&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D763386
„Сè уште сум пензиониран и немам намера да се вратам во боксот. Се качив на рингот за да ги забавувам Јапонците“, рече Флојд.
Аналитичарите во САД објавија дека Мејведер во неколку наврати имал такви изјави. Тие мислат дека Американецот речиси сигурно ќе се бори повторно во 2019 година. Варијантите се реванш со Мани Пакијао и супермечот со ѕвездата на ММА, Хабиб Нурмагомедов.
.