Откако се повлече од боксот, по победата над Андре Ворд, имаше многу шпекулации дали повторно Флојд Мејведер ќе се врати во рингот. Иако упорно се зборува дека тоа може да се случи, тој никогаш не ги потврди овие гласини.
Во едно неодамнешно интервју тој дури ги шокираше сите со изјавата дека е време да се насочи кон ММА, но не по начинот на кој што мислите.
„Мани“ има намера да се занимава со промоторска работа, и покрај фактот дека пред некое време не знаеше која е Ронда Русеј.