Флојд Мејведер за борбата меѓу Мек Грегор и Нурмагомедов (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор се враќа во кафезот на 6 октомври против Хабиб Нурмагомедов за титулата во лесна категорија. Мек Грегор не се борел две 2 години во УФЦ, а последната средба му беше во 2017 во рингот против Флојд Мејведер. Конор загуби со ТКО во 10-тата рунда, но овој пораз го направи милионер.

Пред два дена се наврши една година од оваа битка, иако Мејведер и Мек Грегор рекоа доста работи еден за друг, јасно е дека имаат почит за сето тоа што го направија, за да привлечат што поголемо внимание за дуелот. Во интервју за ТМЗ, Флојд му предложи на Мек Грегор да тренира во Мејведер боксинг клуб за мечот со Нурмагомедов и изрече ласкави комплименти за него.

„Конор нема да бега од борбата и е борец кој не се плаши без разлика дали победува, губи или завршува нерешено. Конор ќе излезе на борба. Знам дека УФЦ си имаат тренинг база, но би сакал Мек Грегор да дојде и да тренира во Мејведер боксинг клуб.

Немам прогноза за оваа средба, бидејќи никогаш не сум гледал борец кој ќе се бори со Конор Мек Грегор, но слушам дека бил добар во партер и можел да се бори. Но навивачите сакаат да гледаат пресметка на нозе (стој). Тоа е она што сакаат да гледаат навивачите. Конор Мек Грегор е здрав и е како Козак, така што нема да бега. Не се плаши од никого и е воин“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON