Флојд Мејведер сведок на убиство и самоубиство!

mayweather-ortiz-boxing

Порталot TMZ.com објави дека еден од најпознатите боксери на денешницата, Флојд Мејведер, бил сведок на убиство и самоубиство.

TMZ вели дека Мејведер ја користел видео апликацијата „фејс тајм“ со неговиот близок пријател, раперот Ерл Хејс, кој во еден момент извадил пиштол и ја застрелал својата сопруга Стефани Мозли, а потоа си пресудил и на себе.

Извори блиски до боксерот Флојд вели дека не сака да го кажува она што го видел, но тој открил дека сè видел и слушнал, јавува TMZ.

TMZ ја опишува Стефани Мозли како VH1 ѕвезда, кој беше шеф на емисијата “Hit The Floor“.

Наводно, Хејс преку „фејс тајм“ го повикал Флојд и му рекол дека ќе ја убие неговата сопруга, бидејќи таа му била неверна. Мејведер се обидел да го одврати од тој чин својот пријател, но, очигледно, без успех.

Флојд Мејведер е во шок и минува низ тежок период, бидејќи тој беше сведок на насилната смрт на неговите пријатели, јави TMZ.com.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON