НБА ѕвездата Миличиќ првата кик бокс борба ја има на 18 декември

Darrkko Milicii statuva

Конечно, Дарко Миличиќ ќе ја има првата борба во кик бокс откако се откажа од кошарката на 18 декември во Нови Сад, јавуваат српските медиуми.

Противник ќе му биде Радован Радојчин, на отворањето на вечерта пред мечот за титулата светски шампион во лоу кик во категоријата до 88 кг, меѓу Ненад Пагонис од Србија и Агрон Претени од Хрватска, во ВАКО УЈП.

Тренирам како никогаш порано. Многу сум уморен, но ќе дадам сѐ од себе. Не знам каков е мојот противник, но најмногу од сѐ би сакал да биде натпревар со добар квалитет, изјави Миличиќ на прес-конференција.

На главната борба ќе ѝ претходи ВАКО УЈП дуелот за титулата европски шампион во дисциплина К1 до 81,4 килограми меѓу Милјан Видовиќ од Србија и Ласло Сабо од Унгарија.

Поранешниот кошаркар на српската репрезентација и втор пик на НБА-драфтот во 2003 година, Дарко Миличиќ, кошаркарска кариера ја почна во Хемофарм Вршац. Во 10-те сезони поминати во НБА, играше за Детроит, Орландо, Мемфис, Њујорк, Минесота и Бостон, со кој се раздели во 2012 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО