Бремер го нокаутира Глажевски за 43 секунди!

Bremer-Gazevsi

Шампионот на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во лесно- тешка категорија Јирген Бремер од Германија на импресивен начин ја одбрани титула. Тој го нокаутира предизвикувачот Павел Глажевски од Полска за 43 секунди на гала вечерта во Олденбург, Германија. Уште во првите секунди Германецот тргна напред. Тој го потисна Полјакот во аголот и го удри со брутален лев аперкат во црниот дроб. Тоа беше трета одбрана на титулата за Бремер.

Денис Бојцов од Русија,на истото шоу, забележа победа на поени во тешка категорија над шампионот на Јужна Америка, Џорџ Ариас од Бразил. Средбата беше во осум рунди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО