Флојд Мејведер се враќа во рингот за Ризин

Легендарниот боксер Флојд Мејведер до крајот на годината ќе се врати во рингот. Еден од најдобрите боксери на сите времиња подолго време е во пензија, но големата сума на пари за еден меч е единственото нешто што може да го врати во рингот. Се чини дека до крајот на годината повторно ќе го гледаме во борба големиот шампион.

„Наскоро летам за Токио на преговори. Договараме нешто за 2020 година“, изјави Мејведер.

Се очекува Мејведер повторно да биде ангажиран за егзибициски меч нешто што последен пат се случи во 2018 година. Тогаш на настан на Ризин Мејведер уште во првата рунда брутално го нокаутираше јапонскиот кик-боксер Тешншин Насукава, а за нешто повеќе од две минути во рингот заработи неверојатни 9 милиони долари.

https://www.instagram.com/p/CCZw-qsllFp/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО