Вајт: Прашајте го Џонс колкави плати му даваме

Дана Вајт ги повика навивачите да го замолат Џон Џонс да ги откријат деталите за богатството што го направи во УФЦ.

Во последните неколку недели има многу тензии меѓу УФЦ и нивниот шампион во полутешка категорија. „Коски“ не е задоволен од платата што му ја даваат во организацијата и најави бојкот. Тој тврди дека нема да се бори во наредните години затоа што сакаше да даде пример за младите и да ги зголеми платите на сите.

Шампионот е подготвен да се врати, но само доколку драстично се зголемат неговите приходи. Дана не е подготвен за компромис, бидејќи Џон неодамна потпиша нов договор за повеќе од пет борби и немаше право да побара зголемување.

„Прашајте го Џон Џонс колку заработил во УФЦ. Прашајте го какви плати зема од нас. Ајде да видиме што ќе ви каже. Нема да ви каже какви плати земал. Мислам дека сликата ќе се промени многу ако ви ги открие овие информации“, рече Вајт во интервју.

https://www.instagram.com/p/CCWy9G6ly7K/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО