Флојд Мејведер го сардисаа на социјалните мрежи со тврдењата дека е најдобар на сите времиња, во еден момент порачувајќи дека е поголем и од Мухамед Али.
„Мухамед Али или Роки Марчиано? Јас сум најдобар боксер на сите времиња“, порача Мејведер, навлекувајќи бес на спортската јавноста.
На неговата листа на најдобрите на сите времиња Али го нема ниту меѓу пет. Според него, тој е на првото место а потоа следат Витекер, Дуран, Холмес и Арон Приор.
Американецот на кого очигледно му недостасува малку скромност, сака нова борба, но за својот следен натпревар сака да земе 300 милиони долари.