Френсис Нгану го предизвика Стипе Миочиќ за УФЦ 256

Франсис Нгану очекува нова борба со Стипе Миочиќ и го предизвика на УФЦ 256, што ќе се одржи во декември. Тие се бореа на почетокот на 2018 година, при што Миочиќ го декласира.

Тоа беше негов прв пораз во УФЦ, по што падна во депресија и претрпе нов пораз од Дерик Луис. Френсис ги презеде работите во свои раце и забележа серија од четири последователни победи со нокаутот во првата рунда над големите имиња во ММА. Тој до мај оваа година ги победи Блејдс, Веласкез, Дош Сантош и Розенструик за 20 секунди.

Нема никој друг не заслужува поголема  шанса од него за титулата, а Дана Вајт му вети на Нгану шампионска борба во неговиот следен настап. Во интервју за „Шмо“, опасниот предизвикувач повика на дуел со шампионот во декември.

„Човече, не знам кога ќе се борам против Стипе Миочиќ. Ова е прашање на кое треба да одговори УФЦ. Сакам да се борам со него на УФЦ 256 во декември. Ова е последната голема борбена карта во годината. До тогаш има два месеци и очекувам да се борам со него на 12 декември. Работев многу на мојата борба и ќе имам подобар табор.

Она што се случи во првата битка нема да се повтори. Ја гледам првата борба и гледам моменти кога можев да искористам, ако бев добро подготвен. Настапот на Адесања против Коста беше неверојатен. Израел го натера Коста да изгледа како борец кој не знае да се бори.

Тој му одржа предавање. Сакам да се борам за титулата во тешка категорија. Не ми е гајле што прави Џон Џонс. Во моментов сум фокусиран само на титулата. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи кои ме поддржуваат. Да ја направиме борбата во декември и ќе се претставам подобро“, рече Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО