Флојд Мејведер повторно во рингот и тоа пак против јутјубер

Еден од најдобрите боксери во светот, 44-годишниот Флојд Мејведер договори нов егзибициски меч.

Американскиот борец имаше уште две егзибициски борби против Теншин Насукава и јутјуберот Логан Пол по неговата последна професионална борба што ја имаше во 2017 година против Конор Мек Грегор.

Тој во првата рунда го нокаутира јапонскиот кик-боксер и ММА борец, додека против Логан ги боксираше сите осум рунди.

Флојд Мејведер ќе се бори на врвот на хотелот Бурџ Ал Араб Џумеира во Дубаи на 20 февруари, а противник му е јутјуберот и инфлуенсер Рашед „Мани кикс“ Белхас.

„На мечот ќе има само избрана публика, нема да има многу луѓе. Кој ќе добие можност да дојде на овој настан значи дека е посебен“, изјави Флојд Мејведер.

А Белхас е 19-годишен јутјубер кој има два аматерски боксерски меча и ги добил двата. Рашед е син на тајкунот Саиф Ахмен Белхас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО