Легендарниот Флојд Мејведер призна дека не тренирал за мечот со Конор Мек Грегор. Тие се бореа во 2017 година во Вегас, при што Конор покажа добра борба, но загуби со нокаут во 10 рунда. За средбата се продадени 4.300.000 платени гледања, со приходи од 370,000,000 американски долари, од кои Мек Грегор собра скоро 100 милиони. Мејведер се пензионира со совршена статистика – 50 победи и 0 порази.
Минатата година се договараа со Дана Вајт да се врати оваа година на бокс меч со борец на најголемата ММА организација. Очигледно Флојд сака повторно да се бори со Конор Мек Грегор затоа што одлучи да проговори за нивната прва борба. Мани рече дека не тренирал за неа и загатна реванш.
„Кога требаше да се борам со Конер Мек Грегор, не тренирав за битката. Сè што направив беше пресврти и стомачен притисок. Тоа е сè што направив. Неколку пати боксирав и неколку пати удфирав во крушата. Тренинг кампот беше на различни места.
Направив тренинг камп во Вегас од неколку дена. Понекогаш не одев во салата по цела недела. Го сфатив сериозно, но како што реков претходно, сакав да се забавувам во двобојот. И јас сакам да ги забавувам луѓето. Знаете, едноствано се водев со тој стил, што го имам. Беше забавно, па луѓето уживаа во тоа.
Треба да им направите шоу на луѓето, затоа и пружив шоу на луѓето. Ако сакав, можев да го нокутирам уште на почетокот. Можев да го сторам тоа, но немаше да има причина за втора битка. Да, бев во форма за борбата, но не и во врвна форма“, изјави Мејведер.