Мајк Тајсон и Џорџ Форман навиваат за Фјури

Двете легенди во тешка категорија му даваат поддршка на Тајсон Фјури во борбата против светскиот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

„Јас ги сакам и двајцата како борци. И двајцата дојдоа од никаде и станаа светски шампиони. Мора да се однесувате кон нив со почит, кон нивниот успех. Еднаш бев во нивна позиција.

Во првиот меч се надевав дека Тајсон Фјури ќе победи. Секогаш сум за него, затоа што е крстен по мене. Секогаш сум негов симпатизер, тој е многу пријатен човек“, рече Мајк Тајсон.

„Само што гледав како победува вредни боксери. Не знам дали биле истрошени или потценети, но тој ги тепаше и им се смеешев. Тоа ме натера да му бидам обожавател. Тја е многу подобар отколку што изгледа.

Тој ги воодушеви многумина кога стана по нокаутот во дванаесетата рунда. Покажа дека е цврст. Стана и ја доби последната рунда. Мислев дека е готово, но тој стана. Беше како Роки. Потоа се врати во мечот.

Беше неверојатно, јас сум му фан. Потребно е голема издржливост и верба, за да се направи тоа“, рече Железениот Мајк.

На страната на Тајсон Фјури е и Џорџ Форман.

„Ако се вратам во минатото, не бев целосно уверенн дека Мухамед Али ќе издрши во средбата со Џо Фрејзер во првата борба. Избоксираа 15 рунди и Фрејзер го сардиса. Но, Мухамед Али издржа и зададе неколку добри удари. И сите победија во арената. И во реваншот се повтори истото, но Мухамед победи на поени.

„Средбата меѓу Вајлдер и Фјури ме исполнува со исто расположение. Ова е највозбудливата битка во тешка категорија. Само се надевам дека повторно ќе видам 12 рунди. И се надевам дека ќе заврши со контроверзна одлука. Со оглед на првиот меч, верувам дека Тајсон Фјури ќе победи“, рече Форман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО