Флојд Мејведер е подготвен за уште една лесна борба со Мек Грегор

Легендарниот Флојд Мејведер е свесен дека фановите сакаат реванш со Конор Мек Грегор. „Мани“ е подготвен да му даде втора шанса на ѕвездата на УФЦ. За неколку часа Мејведер влегува во рингот против Логан Пол во Мајами.

Нивната борба е егзебициска, што нема да биде вклучено во статистиката на двајцата спортисти. Флојд доаѓа по лесната победа над Теншин Насукава во шоуто што го направи пред неколку години. Во својата последна официјална борба, Мејведер успеа да го нокаутира Конор Мек Грегор во 10-тата рунда од нивната битка.

Во 2017 година, Флојд ја заврши професионалната кариера со рекорд од 50-0 во рингот. Флојд за медиумите откри дека е отворен за уште една лесна битка со Мек Грегор:

„Апсолутно сум подготвен за уште една битка со Конор Мек Грегор. Лесно е. Сите овие момци ме гледаат, ме копираат, а потоа ме мразат“.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО