АктуелноБоксПрофесионален

Фјури за Џошуа: Во моментов тагува, да го почитуваме

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, претходно оваа година го објави своето враќање во боксот. Тој планира повторно да стане светски шампион. Од неодамна се повеќе се зборува за потенцијална борба меѓу Фјури и шампионот на ВБО, Фабио Вордли.

Секако, сите сакаат да го видат Кралот на Ромите против Ентони Џошуа во „Битката за Британија“, но тоа во моментов изгледа тешко поради фаталната несреќа што ја претрпе Еј Џеј. Во неа тој загуби двајца блиски пријатели кои исто така беа дел од неговиот тим – тренерот за сила Латиф Ајоделе и личниот тренер Сина Гами.

„Како што реков претходно, прво да почекаме да се вратам и да видиме како ќе изгледам. Потоа, подоцна оваа година, ќе има опции да станам трикратен светски шампион. Фабио наскоро ќе има и тежок предизвик. Ја разбирам борбата што сите сакате да ја видите, но овој пат нема да го споменам неговото име. Тој е човек кој тагува во моментов (забелешка: Ентони Џошуа). Од почит, нема да го споменам. Но, ако одлучи да се пензионира, тогаш борбата со Фабио е тестот со кој би сакал да се соочам“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON