Фјури верува дека Џо Џојс би го „бришел подот“ со Ентони Џошуа во евентуален меч

Британскиот тешкаш Тајсон Фјури верува дека Џо Џојс нема да има проблем да го победи Ентони Џошуа, но тој не верува дека мечот некогаш ќе се случи.

Џојс моментално е привремен шампион на ВБО по неговиот триумф против Џозеф Паркер, додека Џошуа се бореше со Александар Усик на почетокот од оваа година и повторно загуби во реваншот.

Џошуа моментално е во потрага по нов тренер и составува тим за неговото враќање следната година.

Фјури верува дека наскоро нема да се бори со Џошуа.

„Тоа сега нема да се случи“, рече Тајсон Фјури и додаде:

„Требаше да боксираме во декември, но влезе Чисора. Гарантирам дека од тој меч досега ништо нема да излезе. Ама затоа ќе се борам со човек кој два пати го претепал, па тоа е небитно. Ќе го нокаутирам типот кој двапати го совлада Џошуа“.

Кралот на Ромите потврди дека се договара меч за обединување на титулите. Фјури ќе го заложи појасот ВБЦ, додека Усик ги носи титулите во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО.

„Јас и Усик за апсолутен светски шампион во тешка категорија, два непоразени шампиони. Тој не носи ништо на масата. А што се однесува до парите, ќе заработам двојно повеќе од Усик. Сакам да се борам против него, непријателот на Џошуа, човекот кој го расплака како мало девојче“, изјави Тајсон Фјури, осврнувајќи се на можниот меч меѓу Џо Џојс и Ентони Џошуа:

„Се сомневам дека оваа борба некогаш ќе биде договорена. Но, ако боксираат, Џојс ќе го избрише подот со Џошуа. Но, ние никогаш нема да го гледаме тој натпревар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО