Фјури: Вајлдер ја изгуби секоја рунда против 50-годишниот старец

Тајсон Фујри на 22 февруари, најверојатно во Вегас, повторно ќе се бори со Дионтеј Вајлдер.

Нивниот прв дуел минатиот декември заврши без победник. Иако за време на борбата тој заврши двапати на подот, се доби впечаток дека требаше да го победи Вајлдер и да стане нов шампион на ВБЦ.

Како и Фјури, Луис Ортиз минатиот викенд боксираше подобро од Американецот и ги доби скоро сите избоксирани рунди, но директот на Вајлдер во седмата рунда го пресуди победникот.

Фјурите не виде ништо загрижувачко во новата победа во нокаут на Вајлдер.

„Дефинитивно не сум импресиониран од победата. Беше ужасен. Ја изгуби секоја рунда од 50-годишен старец и потоа го нокаутира кога овој успори. Тоа не беше добро“, коментира Фјури.

Британецот веднаш по неговата последна борба рече дека во реваншот против него може да победи само на тој начин.

Тренерот на Фјури, Бен Дејвисон изјави дека неговиот боксер мора да ја неутрализира силата на Вајлдер.

„Како да го прави тоа? Дефинитивно не на начинот на кој го направи тоа Ортиз. Точно, добро му тргна, но потоа стана премногу самоуверен и залута во неговата дистанца. Тоа е рецепт за катастрофа. Ортиз е фантастичен борец, но не е Тајсон Фури“, изјави Дејвисон за Скај спорт.

На прашањето дали Вајлдер е најсилниот удирач во историјата, Дејвисон рече: „Тој не само што е најсилниот удирач во историјата на тешката категорија, туку во историјата на боксот. Нема споредба. И тоа го докажа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON