Фјури: Спортистите крваво ги заработуваат милионите, заслужуваме уште повеќе пари

Тајсон Фјури, светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, смета дека врвните спортисти заслужуваат уште повеќе пари од оние милиони што веќе ги добиваат.

Легендарниот боксер вели дека спортистите поминуваат низ тешки периоди за да одржат форма, често се изложени на мака, труд и долги непроспеини ноќи.

„Луѓето го гледаат само гламурот што ги опкружува спортистите и големите мечеи. Не знаат за нашата напорна работа. Не знаат за трчање на дожд, снег, мраз. Не гледаат како работиме и тренираме до доцна во ноќта, а при тоа сме приморани на рано станување. Секој боксер, секој спортист крваво ги заработува тие милиони“, рече Фјури.

Тајсон истакнува дека спортистите се изложени на постојан режим уште од мали нозе.

„Кога ќе наполните 11 или 12 години, секогаш имате иста рутина. Треба да тренирате без оглед на времето и болката. Затоа им велам на сите никогаш да не ги потценуваат спортистите, бидејќи луѓето не знаат колку жртви се потребни за да се достигне врвот “, вели британскиот боксер.

Фјури имаше 31 меч во професионалната кариера. Оствари 30 победи и само едно реми. Само од мечот за титулата во тешка категорија во кој го победи Дионтеј Вајдлер, Фјури заработи над 20 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО