Отпуштен од работа ММА легендата заради поддршка на Трамп

Членот на Куќата на славните на УФЦ, Пет Милетич е разрешен од функцијата коментатор на Легаси фајтинг алијанс (ЛФА) заради поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Поранешниот шампион откри дека бил отпуштен од работното место затоа што учествувал во нападот на Капитол Хил во Вашингтон, што доведе до смрт на 5 лица.

„Само што сакав да ве известам дека добив повик од луѓето во ЛФА и генерално ми рекоа дека биле под притисок, затоа што бев во Капитол. Треба да знаете дека никој од луѓето со кои бев не бил вклучен, или барем не знам, дека биле вклучени во какво било насилство. Бев со бели луѓе, црни луѓе, кинези кои бегаа од комунистичкиот режим таму, кои сакаа слобода. Имало луѓе од сите религии и раси. Но, ЛФА беше под притисок и одлучија дека е подобро да се ослободат од мене, ја разбирам нивната позиција“, рече Милетич на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО