Питер Фјури, чичко и тренер на светскиот шампион во бокс во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури, го смета носителот на појасот на ИБФ, Чарлс Мартин, за фаворит на средбата против Ентони Џошуа.
„Мислам дека на Џошуа ќе му биде тежок противник. Тој има сè на сè 15 борби и се уште многу „зелен“. Ентони треба уште многу да учи. Мартин е висок левукар кој умее да боксира. Тоа ќе биде сериозен тест за Ентони Џошуа. Сметам дека Чарлс Мартин е фаворит, иако во боксот сè може да се случи“, изјави Питер Фјури.