Фјури си го исполни ветувањето – ја донираше целата зарботувачка од мечот со Вајлдер

Тајсон Фјури си го исполни ветувањето и ја донираше целата зарботувачка од мечот со Дионтеј Вајлдер во добротворни цели.

Фјури во декември во Лос Анџелес ремизираше со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер.

Додека во текот на промотивни активности во Лос Анџелес разговарааше со локалната противпожарна служба соопшти дека е шокиран од бројот на бездомници и вети дека ќе го донира профитот од борбата на британски хуманитарни организации кои градат домови за бездомници зависници од дрога и алкохол.

На Фјури основна плата за мечот со Вајлдер му беше 2,5 милиони фунти, но со удел во продажбата на плати па гледај оваа сума се зголеми на 7 милиони фунти (9 милиони долари).

Моментално е на турнеја низ Велика Британија, а два настапи во Ирска му се откажани поради заканите со смрт.

Тајсон оваа информација ја откри на дружењето со навивачите на Кардиф.

„Ја дадов својата последна плата, но не се занимавам со хуманитарната работа за некој да ме тапка по грбот. Го направам тоа за да им помогнам на луѓето, но не сакам поради тоа да ме слават“.

Фјури е во преговори за реванш меч со Вајлдер што треба да се одржи во средината на мај и почетокот на јуни.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО