Фјури се предомисли: Ќе се борам до 40-тата, и онака не гледам некој кој може да ме предизвика

Никого не го изненадува тоа што Тајсон Фјури уште еднаш се премисли.

До пред неколку месеци тврдеше дека одработии уште три борби пред да замине во пензија, но сега се предомисли.

„Ќе се борам се додека не наполнам 40 години. Размислив за ова и онака нема што друго да правам. Така што, тогаш можам да продолжам да се борам. И онака не гледам никој што може да ме предизвика. Само што го срамнив со земјата еден од најдобрите од нив. Дионтеј Вајлдер е најтешкиот противник и сите ние видовме што се случи со него“, изјави 31-годишниот Британец за ЕСПН.

Во реваншот Фјури го победи Вајлдер со прекин и го освои појасот на ВБЦ, со што стана двократен светски шампион во тешка категорија. Договорена е трета борба која треба да се одржи до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО