Фјури се пофали: Саудијците дебело плаќаат, ги скршив за пари Кристијано Роналдо и Нејмар!

Тајсон Фјури изјави дека го потпишал најголемиот договор во историјата на боксот и ќе добие сума за која дури и Кристијано Роналдо и Нејмар можат само да сонуваат. Фјури верува дека ќе стане најплатен спортист на листата на Форбс за 2023. Борбата со Френсис Нгану, шампионот на УФЦ во тешка категорија, којa требаше да се одржи во Ријад, Саудиска Арабија на 28 октомври, ќе му ја донесе оваа титула.

„Саудијците дебело плаќаат. Сите проекти во кои се вклучувам се одлични. Мислам дека штотуку го потпишав најголемиот договор во историјата на боксот. Нема да давам бројки, само велам дека кесата ќе биде полна со пари. Ги знаете оние големи договори во фудбалот, парите што ги добиваат Роналдо или Нејмар? Тоа што го потпишав сега, соборува се! Дали мислите дека ова ќе ме промени на некој начин? Нема шанси. Сè уште ќе носам „крокс“ и сè уште ќе ја нарачувам мојата храна од Асда“, рече Фјури за Сан.

200 милиони фунти добива Кристијано Роналдо за 2-годишниот договор со Ал Насер.

Фјури во моментов е највисоко оценет тешка категорија во светскиот бокс. Тој стапна во рингот 34 пати, добивајќи 33 од неговите борби, а една беше прогласена за нерешена. Шампионот на ВБЦ нема да го заложи појасот во спорот со Нгану.

Топ 10 најплатени спортисти во светот во 2022 година:

Лионел Меси (ПСЖ, фудбал) – 130 милиони долари

Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс, НБА кошарка) – 121 милион долари

Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед, фудбал) – 115 милиони долари

Нејмар (ПСЖ, фудбал) – 95 милиони долари

Ств Кари (Голден Стејт Вориорс, НБА кошарка) – 93 милиони долари

Кевин Дурент (Бруклин Нетс, НБА кошарка) – 92 милиони долари

Рожер Федерер (тенис) – 91 милион долари

Канело Алварез (бокс) – 90 милиони долари

Том Брејди (Тампа беј, американски фудбал) – 84 милиони долари

Џанис Антетокунмпо (Милвоки Бакс, НБА кошарка) – 81 милион долари

*Прикажаните износи се пресметуваат врз основа на основните плати и приходот на спортистите од спонзорство или рекламирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО