Фјури: Се надевам дека ќе ме натера да почувствувам болка!

Klicko-fjuri borbena slika

Британецот Тајсон Фјури, кој е следниот ривал на светскиот шампион во супертешка категорија на IBF, WBA, WBO и IBO, Владимир Кличко, продолжува да ги „радува“ љубителите на боксот со солената реторика.

„Се надевам дека Кличко ќе ме натера да почувствувам болка. Ги бројам деновите до моментот кога ќе му го рабијам лицето. Не заборавајте да ги вклучите телевизорите на 28 ноември, за да видите како станувам светски шампион во супертешка категорија“, изјави Фјури.

Како што е познато, двајцата требаше да се сретнат во рингот на 24 октомври пред 55 000 гледачи на стадионот во Дизелдорф (Германија), но средбата беше одложена поради повреда на Украинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО