Шампионот во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, размислува да го пресели своето семејство во замок на островот Мен.
Таткото на седум деца, наводно, слетал на хелиодромот на луксузниот имот пред Божиќ и го проверил. Фармата Бар има шест спални соби, секоја со бања, а има и два посебни апартмани кои се сместени во совршено уреден парк кој вклучува огромно езеро. Домот располага и со базен, тениско игралиште, теретана, сала за бал, различни соби за прием, како и повеќе гаражи.
Во близина на куќата има неколку училишта, а аеродромот е на пет минути возење. Замокот е проценет на околу 50 милиони, а неговата месечна кирија е 10.000 фунти. Таа му припаѓа на имотниот магнат Џон Витакер, кој наводно се сели во поранешниот дом на шампионот во Формула 1 Најџел Менсел.