Фјури потрди дека е многу близу до борба со Вајлдер (ВИДЕО)

Тајсон Фјури (26-0, 19 КО) потврди дека е во напредни преговори за борба со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 КО).

Промоторот на Фјури, Френк Ворен, изјави дека се обидуваат да ја договорат за борбата за крајот на годината.

„Прво сакаме да видиме како тоа ќе изгледа на 18 август. Вестите од салата се дека добро изгледа и да се надеваме дека се ќе помине во ред. До борба нема да дојде до наесен, поверојатно е во ноември или декември. Речиси сум убеден дека ќе ја завршиме работата. За постигнување на договор потребни се две страни, а ако навистина сакате договор тогаш и ќе го остбарите тоа“.

„Може да потврдам дека со Дионтеј Вајлдер и јас ме во преговори. Многу блиску сме до затвршување на договорот. Френк се ви кажа утринава на Токспорт. Сега излезе во јавноста“, објави Фјури.

29-годишниот Британец во моментов се подготвува за борба со Франческо Пијанета на 18 август во Белфаст.

„Пијанета ќе ми пруже вистинска борба и ќе ме подготви за Дионтеј Вајлдер. Прво морам него да го испратам на грб, а потоа и Вајлдер. Ајде да танцуваме. Пред тоа мораше да се справувате со глупостите на Еди Херн и Џошуа, но јас сум човек од збор и кога ќе речам дека ќе се борам јас ќе се борам. Крај на приказната. Одам добро да се подготвам, напорно да тренирам и да го ланисрам Пијанета. Потоа ќе го изгасам светлото во него. Среќно“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО