Има ли Македонија ММА-спорт?!

Има ли Македонија ММА-спорт? На кое ниво е тој? Каде сме во регионални и светски рамки? Ова се прашањата кој секој љубител на модерното гладијаторство во нашата земја ги поставува.

Факт е дека нашата сцена е многу мала и без дефиниран статус и насоки во кои сака да оди. Се се сведува на индивидуални чинови, но тоа е премалку.

Може да радува само што има доволно упорни и млади момци кои го сакаат овој спорт. Сепак, многу работи се вон нивниот домен. За жал, нема вистински ММА клуб, повеќето се комбинација во повеќе спортови колку за крпење, а како такви ја губат определбата за мешаните боречки спортови. Потоа, и недостасуваат добри тренери во повеќе сегменти од овој модерен спорт кој бара тимска работа. Соодветни сали и опрема. Промоторска куќа. И, секако, најболниот дел на нашиот спорт – парите. Тоа подразбира посебен режим на исхрана, физеотерапевти, сауни, кондициони тренери, размена на искуства преку спаринзи во други клубови во други земји, користење на тренерски искуства…но и решавање на егзистенцијалниот дел.

Немањето на стратегија за развој е само основа за жртвување на талентите. Неколку млади момчиња покажаа дека може да се носат со регионални ѕвезди кои веќе градат кариера на европско тло, но отсуството на менџмент и процена како и кога треба да се настапува, едноставно, ги фрли во оган да изгорат. Затоа, некои тренери треба да знаат дека по секоја цена не се оди во борба и тоа за многу кратко време, бидејќи така не се материјализира успехот од победата против некој голем борец, туку брзо се девалвира постигнатото за 100-300 евра повеќе, кои во испланирана борба би биле 1.500 – 2000. Од друга страна, квази врскаџии за настаните на Балканот и прават само штета на младите ММА натпреварувачи, додека местените борби си имаат посебна тежина.

Отсуството на посебна федерација ги усложнува работите и ги успорува, затоа ќе мора да се има поголема флексебилност. Радува организирањето на државни првенства преку Кик бокс федерацијата, но одѕивот беше под очекувањата, можеби некои се борци само на социјалните мрежи. Како и да е, државните првенства мора да добијат поинаков сенс и да бидат издвоени од другите спортски првенства од повеќе причини. Ако не знаеме како, доволно е да го следиме хрватскиот пример на организираност, ама тука се и Бугарите и Србите. Тие (Хрватите) имаат лига натпревари и државни првенства, но и одлични ММА настани. За жал, кај нас згаснуваат, како оној во Велес, па во Струга, Битола итн. Кумнаово помалку живурка. Македонската сцена мора да се исчисти и од квази борците кои го уриваат имиџот на вистинските спортисти.

Како за поттик и гордост нека ни бидат Александар Волкановски и Нина Ансароф кои се без порази во најсилната светска ММА организација УФЦ, како и Ален Амедовски кој настапува во втората најјака промоција Белатор, којшто има скор 7-0. Иако нивната кариера ја изградиле во Австралија, САД и Италија. Искуството на Гоце Цандовски и другите наши борци што имаат поголемо искуство треба да се искористи во секоја смисла.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО