Фјури: Победата над Усик ќе ме направи најдобар во историјата

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, го нарече светскиот шампион во ВБА, ИБФ и ВБО, Aлександaр Усик, најдобар противник во неговата кариера, победа над кого ќе го направи најдобриот тешкаш во историјата на боксот.

За титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија боксерите ќе се борат на 18 мај во Ријад.

„Верувам дека победата во оваа борба ќе ме стави на прво место без никаков сомнеж. Победата над Усик ќе ме направи број еден на сите времиња“, изјави Фјури во интервју за ДАЗН.

„Мислам дека Усик е најдобриот противник со кој сум се соочил во рингот“, додаде Фјури. „Веќе сум се борел со светски шампиони во тешка категорија или со непоразени противници. Сум се борел со олимписки шампиони, но никогаш не сум се борел со светски шампион во две дивизии. Мислам дека тоа го става на врвот на мојата листа на противници“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО